fbpx

КОГА ЖИВОТОТ МИ БЕШЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ, МЕ СПАСИЈА ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

28.07.2022

storija berisa

Севдие Бериша од Приштина има 63 години и е една од многуте задоволни пациенти во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Таа го сподели своето позитивно искуство, со цел да им помогне и на други пациенти кои се соочуваат со сличен проблем.

„Пред 7 години добив апсцес на црева. Во Приштина се обратив кај неколку доктори, но поради мојата дополнителна болест – леукемија ниту еден хирург не се нафати на третман. Решив спасот да го побарам во ‘Аџибадем Систина’, болница за која имав слушнато дека таму работат вистински професионалци. Со неподносливи болки и во многу тешка здравствена состојба, бев примена од страна на д-р Ален Јовчевски. Веднаш ме примија во сала, беше извршена многу тешка и ризична операција, ми беа отсечени 55 сантиметри од цревата. Животот ми висеше на конец во тие мигови. За среќа, 7 години подоцна се чувствувам одлично. Д-р Јовчевски е мојот спасител кому вечно ќе му бидам благодарна“ – објаснува Севдие.

Пред три недели, на Севдие повторно ѝ била потребна медицинска помош. „И повторно мојот живот го спасија д-р Ален Јовчевски и д-р Даниел Петровски. Имав крвавење и болки во долниот дел од стомакот и хематурија. За среќа, овие двајца врвни експерти одлично си ја завршија работата и јас се чувствувам одлично. Благодарам и за сите медицински сестри и болничари кои беа постојано покрај мене“ – сподели нашата пациентка.