fbpx

Известување за паркинг

07.11.2020

Почитувани пациенти,

со цел да се олесни вашиот пристап до болницата и да се зголеми безбедноста, почнувајќи од 7 ноември 2020 година во рамки на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе почне да се регулира паркинг-просторот.

Паркинг-просторот е бесплатен за сите корисници на услугите во болницата, како и за посетителите на пациентите. При влез на болницата, потребно е корисникот од терминалот да земе картичка со баркод, која подоцна при наплата во болницата или по завршување на посета на пациент, ќе треба да се декодира на нашите пултови. Пред заминување од паркинг-просторот, корисникот е должен да го приложи влезниот баркод на терминалот.

Корисникот на услугата е должен да го чува билетот со баркод до крајот на целокупното времетраење на паркирањето.

За останатите, кои не се корисници на услуги во болницата, паркингот се наплатува доколку се задржат повеќе од 15 минути.

Правно лице кое стопанисува со паркинг-просторот е „Кара“ ДООЕЛ.