fbpx

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ ЗА PCR ТЕСТ ЗА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ

11.11.2020

 

NoviCeniCovid SocialMedia dopolnitelen popust

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има докажана доверба кај своите пациенти, а освен грижата за здравјето за кое е неприкосновена болница во земјава и во регионот, обезбедува и дополнителни бенефиции за сите кои користат какви било здравствени услуги.

Во услови на зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, намалување на познатите кластери на ширење на Ковид-19, се повеќе асимптоматски случаи, се зголемува и потребата за поголем опфат на тестирање за присуство на вирусот.

За своите пациенти, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбеди дополнителен попуст за изведување PCR тест за присуство на SARS-CoV-2.

Пациентите кои извршиле каква било здравствена услуга во болницата – амбулантска или хоспитална во вредност од над 3.000 денари добиваат пониска цена на тестирањето. За нив PCR тестот ќе чини 2.500 денари, една од најконкурентните цени моментно.

Секоја фискална сметка поголема од 3.000 денари ќе биде евидентирана  и за неа ќе добијат потврда. Пациентите ќе мора да ја носат на денот кога ќе го прават тестирањето но не подолго од еден месец од извршувањето на услугата.