fbpx

Известување

24.04.2020

AcibademSistina

Почитувани пациенти,

Согласно новите мерки кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните на целата територија, ве известуваме дека поликлиничкиот дел на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работи од понеделник до петок од 08:00 до 16:30 часот.

За влез во болницата се користи влез А, кој од понеделник до петок е отворен од 07:45 до 18:00 часот.

Воедно, ве известуваме дека Ургентниот центар за деца и возрасни работи непречено  24 часа секој ден во неделата.

За закажување на термин јавете се во Контакт центарот на болницата 02/30 99 500

Останете безбедни, ние се грижиме за вашето здравје.