fbpx

Учам од врвни професионалци

05.10.2017

naslovna

Кога зборуваме за посветеност во професијата, тогаш неминовно е да зборуваме за луѓето кои растеа заедно со брендот „Аџибадем Систина“. Ивана Крстевска е медицинска сестра на Одделот за кардиологија од самиот почеток и, како што вели, горда е на можноста секојдневно да учи и да се надградува во професионални услови, кои се дополнителен мотив да си ја сакаш работата. Нејзината најголема сатисфакција е кога пациентот ќе почувствува дека  има некој кој се  грижи за неговото психо-физичко здравје. А кога тоа е поткрепено и со пофалби за добро завршена работа од страна на колегите, дава дополнителен  елан да продолжиш да се надоградуваш и да даваш максимум од себе.

„Во болницата ‘Аџибадем Систина’ работам од 2010 година, односно од самото отворање на болницата, на Одделот за кардиологија и интерна медицина, како медицинска сестра која е горда на работата и тимот со кој работи“, вели Ивана.

Зошто одлучи и сакаше да работиш тука?

-Силно бев мотивирана да го надградам моето знаење во професионален тим и услови за работа кои овозможуваат исклучително и квалитетно  промовирање на здравството и здравствените услуги. Веднаш штом почнав со работа во оваа установа ги препознав условите кои ги задоволија моите очекувања, и повеќе од тоа. Воодушевена бев од организацијата на работата предводена од менаџментот на болницата, условите за континуирана едукација кои овозможуваат силна надоградба во мојата професија. Секојдневно се збогатувам со искуство од врвни професионалци, што ме прави среќна и задоволна што го направив изборот да бидам дел од тимот на „Аџибадем Систина“.

naslovna2

Секундите се важни за спас на човечки живот

-Кардиологијата е една од најспецифичните гранки во медицината. За работа со пациенти со оваа етиологија потребно е знаење, искуство и континуирана надградба. Брзината и умешноста се специфичности кои мора да се поседуваат при работа на овој оддел и со овие пациенти.Многу е битно да се препознаат симптомите и навреме да се реагира. Понекогаш и секундите се многу важни за спасување на еден човечки живот. Одговорноста и комуникацијата со пациентите и стручниот тим се клучни карактеристики кои мора да ги поседува секоја медицинска сестра која има желба да работи на нашиот оддел.

Тимската работа е клучна за успех

-Како и на другите оддели, така и на нашиот оддел многу е важна тимската соработка помеѓу докторите, медицинските сестри и болничарите со цел навремено поставување дијагноза и правилно лекување на пациентите. На Одделот за кардиологија и интерна медицина не ни може да се функционира поинаку освен како тим. Една од најважните карактеристики за успехот на овој оддел е токму тимската работа, која како таква им нуди на пациентите одлични услови за лекување. Невозможно е да се работи според JCI стандардите кои ги исполнува оваа болница, доколку тимот не функционира беспрекорно. Нашиот тим како досега, а верувам и во иднина ќе функционира и е се согласува одлично.

naslovna3

Дали успеваат да допрат до тебе успешните приказни/негативните искуства?

-Во оваа професија пред сè здравјето на пациентите е најважно. Успешните приказни ме прават горда што воопшто ја работам оваа професија, а негативните искуства се разбира дека понекогаш ги има, но важно е  што ќе извлечете како поука. Ние како тим постојано разговараме, разменуваме искуства и позитивни и негативни со цел да го подобриме квалитетот на работата, со што и ние ќе бидеме среќни и задоволни на крајот на нашиот работен ден.