fbpx

ЕДУКАЦИЈА И ПРАКТИЧЕН ТРЕНИНГ ЗА СТУДЕНИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

23.03.2022

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше едукација и практичен тренинг за кардиоваскуларна реанимација, која е една од највиталните обуки за идниот медицински персонал. Овој тренинг беше раководен од медицинска сестра за едукации и тренинзи Андроники Бибовска и одговорната сестра на Одделот за општа интензивна нега Магдалена Митевска, а беше наменет за студентите од Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип.

Обуката заврши со одличен успех, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за безбедност. Високите стандарди за работа во КБАС налагаат овие обуки да се повторуваат најмалку секои 2 години, со цел повторување на знаењата и надоградба со нови надополнети податоци за да се зголеми безбедноста на пациентите, вработените и посетителите.

obuka
obuka
obukas d