fbpx

ДОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА ГЕНЕТСКА ОСНОВА ПРЕД ПЛАНИРАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

09.05.2023

Подгответе се за родителство со испитување на сите хромозоми во вашите клетки, промотивен пакет за кариотипизација на двајцата партнери.

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се прави детална анализа на таканаречениот каротип, односно на збирот на сите хромозоми. Со испитувањето се детектираат оние промени на бројот и структурата на хромозомите кај родителите што би можеле да придонесат за неплодност, спонтани абортуси или аномалии кај плодот. 

Со оваа анализа се дознава генетската основа и се добиваат сознанија и за идни пренатални генетски испитувања. Закажете генетско советување на 02/30 99 500, доколку имате семејна историја на генетски состојби и дознајте како се докажуваат со современата генетска дијагностика во „Аџибадем Систина“.