fbpx

Д-Р ЛАЗАРЕВСКИ И Д-Р БОЈАЏИЕВ ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ КОНГРЕС IVIRMA

09.05.2023

Д-р Слободан Лазаревски и д-р Александар Бојаџиев, специјалисти по гинекологија и акушерство од Одделот за асистирана репродукција, беа дел од интернационалниот конгрес IVIRMA, кој се одржа во Малага, Шпанија од 20-22 април. На овој конгрес имаше над 1500 учесници од над 60 земји ширум светот и беа опфатени новитетите во областа на репродуктивната медицина.

IVEMA

IVIRMA е еден од најпрестижните меѓународни конгреси на кој секоја година присуствуваат значаен број доктори и на кој се разменуваат нови и иновативни решенија за третман на проблемите со репродуктивното здравје.

Посетата на овие конгреси има голем ефект во континуираната едукација и професионалниот развој, особено во времето во кое живееме, кога медицината бргу се развива. Имплементирајќи ги последните технологии и новитети во областа на асистираната репродукција, Центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“ е неприкосновен лидер во регионот.