fbpx

Докторите од „Аџибадем Систина“ со стручни совети на конференција Профемина 2018

04.12.2018

Д-р Александар Сајковски, педијатар, и д-р Весна Пљакоска, дерматолог, пред многубројните гости на регионална конференција Профемина 2018 одговорија на најчестите прашања што ги мачат родителите а се поврзани со кожата кај децата.

Зошто се јавува црвенилото и дали родителите бараат совет од дерматолог или, пак, бараат второ мислење од „Google“, беа дилемите кои ги разјаснија докторите од „Аџибадем Систина“.  Посебно внимание се посвети на превенцијата и третманот кај најмалите пациенти, како и најчестите болести на кожата кај децата, атописки дерматитис и пеленски дерматитис. Со свои прашања во панел-дискусијата активно се вклучија и присутните.

Профемина е регионална конференција што се организира во повеќе земји, а преку панел-дискусиите се ставени во фокус теми поврзани со здравјето, убавината, мајчинството. Во Македонија оваа конференција  се одржува по вторпат, а целта е на публиката да ѝ се обезбедат стручни мслења од различни аспекти.