fbpx
ОДДЕЛИ

Торако-васкуларна хирургија

Торако-васкуларната хирургија ја предводи д-р Митко Караѓозов, најискусниот хирург од оваа област во нашата земја и регионот. На одделот годишно се изведуваат повеќе од 1000 хируршки интервенции и е лидер во бројот на успешно изведени интервенции на дојка. Васкуларните интервенции се бесплатни за осигурениците на ФЗОМ.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

Врвниот и искусен хируршки тим, поддржан од специјалистите од Одделите за рендген дијагностика, патохистологија, нуклеарна медицина, како и од колегите од одделните гранки на интерното одделение овозможува да бидат спроведени сите потребни дијагностички постапки врз пациентот и да му биде предложен третман со само една посета на нашата установа. Одделот располага со стандардна и висока технологија во спроведувањето дијагностички и терапевтски протокол кај секој пациент.

Торакална хирургија

Торакалната хирургија е област од медицината која се занимава со хируршките болести на органите во градниот кош, како што се: белите дробови, дијафрагмата, хранопроводот, туморските структури на ѕидот на градниот кош и медијастинумот (средоградието), како и сите вродени деформитети на ѕидот на градниот кош. Ова е многу сензитивен и важен дел на човековото тело. И покрај искуството на хирурзите, особено е важна тимската работа и употребата на современата медицинска апаратура со цел да се минимизира ризикoт од овие интервенции и да се зголеми стапката на успех. Карциномот на белите дробови денес е еден од најчестите малигноми со кои се среќаваме во секојдневната практика. Екипираноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува мултидисциплинарен пристап од конзилиум лекари од повеќе области. Покрај хирурзите, тука спаѓаат и специјалисти од областа на анестезиологијата, пулмологијата, рендгенологијата, патологијата, онкологија, радиотерапија и нуклеарна медицина. Ваквата поставеност ни овозможува извршување на најсложените интервенции од оваа област со висок степен на успех.

Васкуларна хирургија

Васкуларната хирургија ги третира хируршките болести на крвните садови, артериите и вените. Имајќи предвид дека атеросклерозата секогаш е генерализирана болест, третманот на овие пациенти е тимски, во тесна соработка со колегите од Одделите за кардиологија, радиологија, анестезиологија, трансфузиологија… Терапевтскиот третман почнува од медикаментозна терапија, преку минимално инванзивните катетер процедури па сè до хируршките реконструктивни зафати. Хирургијата на крвните садови претставува можеби еден од најчувствителните сегменти на хирургијата воопшто. Токму поради овој факт овој оддел е предводен од страна на еден од најискусните хирурзи во оваа област во нашата земја.

Хирургија на дојка

Во „Аџибадем Систина“ посебен акцент е ставен на грижата на болестите на дојката. Во Центарот за дојка конзилиум од врвни експерти од областа на рендген-дијагностиката, туморската и реконструктивната хирургија, патохистолошката дијагностика и онкологијата се грижи за комплетно дијагностицирање и хируршко реконструктивно и онколошко лекување на сите видови тумори на дојката. Во соработка со невладините организации, КБ „Аџибадем Систина“ има имплементирано и развиено програми за едукација на жените за самопреглед и превенција од карциномот на дојка.

Хирургија на тироидна жлезда

Во соработка со Oдделот за нуклеарна медицина, на Одделот за торакална и васкуларна хирургија се третираат и сите хируршки болести на штитната жлезда. Oвие хируршки интервенции, покрај со класичниот хируршки пристап, се изведуваат и со минимално инванзивен и видеоасистиран начин, што е особено важно бидејќи го скратува периодот на рехабилитација, помалку постоперативна болка и подобар естетски резултат.

 ДОЈКИ

·          Бенигни болести на дојки (цисти, фиброаденоми, интрадуктални папиломи, апсцеси и други бенигни хируршки болести на дојките)

·          Бележење со жица водич на непалпабилни и мали суспектни лезии на дојки (микрокалцификати)

·          Малигни заболувања на дојките (штедливи и радикални хируршки интервенции)

·          Реконструктивни операции на дојките

ШТИТНА ЖЛЕЗДА

·          Хируршко лекување на бенигни заболувања на штитната жлезда (цисти, јазли, бенигни тумори, функционални нарушувања, дифузни струми и други бенигни состојби)

·          Карциноми на штитната жлезда и нивно хируршко лекување (парцијална, суптотална и тотална тироидектомија со или без отстранување на вратни лимфни јазли)

ХИРУРГИЈА НА ГРАДЕН КОШ

·         Повреди на граден кош

·         Бенигни и малигни заболувања на ѕидот на градниот кош (ресекции на ѕидот на градниот кош со евентуална употреба на мускулни резенки или синтетски материјали)

·          Деформитети на градниот кош, pectus carinatum, pectus infundibuliformis (со употреба на минимално инвазивна хируршка метода по Nuss или со употреба на класичната хируршка техника по Rawitch)

ХИРУРГИЈА НА ДИЈАФРАГМА

ХИРУРГИЈА НА ХРАНОПРОВОД

ХИРУРГИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ

·          Користење на VATS (видеоасистирана торакоскопска хирургија)

·          LVRS – Lung Volume Reduction Surgery (редукција на патолошки изменето белодробно ткиво), метода што се користи во третман на белодробен емфизем

·         Хируршки третман на Ехинококова болест (кучешка тенија), со отворени хируршки методи или со употреба на VATS – видеоасистирана торакоскопска хирургија

·          Хируршки третман на бенигни состојби на бели дробови (цисти, були, апсцеси, бенигни тумори) со користење на VATS или со отворена торакотомија

·          Карциноми на бели дробови

·          Радикални белодробни ресекции со лимфаденектомија со користење на „степлери“ и други современи хируршки апарати и инструменти

·          Метастазични тумори на бели дробови

·          Употреба на VATS – видеоасистирана торакоскопска хирургија или користење на отворени ресекции со употреба на ласерски технологии во третман на метастазични промени на бели дробови

·          Минимално инвазивни белодробни или плеврални биопсии

·          Медијастиноскопија (биопсии од медијастинум)

·          VATS-талкирање на повторувачки плеврални изливи

·          Пласирање на плеврални катетери при постоење на плеврални изливи

·         Современ хируршки третман на сите видови пневмоторакси со употреба на видеоасистирана торакоскопска хирургија – VATS

ХИРУРГИЈА НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Хируршки третман на проширени (варикозни) вени со употреба на:

·          радиофреквентна аблација (VNUS)

·          ласерски третман

·          третман со отворени хируршки методи

·          склерозација.

 

·         Отстранување на тумор на гради
·         Мастектомија
·         Суптотална тироидектомија
·         Тироидектомија (бенигна)
·         Тотална тироидектомија со лимфаденектомија (малигна)
·         Проширени вени (класично)
·         Мастектомија симплекс
·         Мастектомија радикалис
·         Пектус
·         Ресекција на ѕид на граден кош
·         Торакална симпатектомија
·         Рана декортикација
·         Доцна декортикација
·         Екстра анатомска ресекција на бел дроб
·         Лобектомија
·         Пневмоектомија
·         Пластика на дијафрагма
·         Отстранување на ехинокок на бел дроб
·         Отстранување на ехинокок на бел и црн дроб во еден акт
·         Торакална дренажа
·         Пласирање на плеурокат (амб.)
·         Slurry Pleurodeza
·         Дијагностичка торакоскопија
·         Дијагностичка торакоскопија со биопсија
·         Торакоскопска талк преуродеза
·         Торакоскопија со биопсија и талк плеуродеза
·         Торакална VATS-симпатектомија
·         Клинеста ресекција со степлер
·         Декортизација торакоскопска
·         Експлоративна торакотомија
·         Ласерски третман на вени (локална туминисентна анестезија + проширена флебектомија)
·         Ласерски третман на вени на една нога со општа анестезија
·         Дополнителна интервенција на вени со ласер
·         Торакоцентеза
·         Медијастиноскопија
·         Отстранување на медијастинален тумор