fbpx
ОДДЕЛИ
‹ Листа на оддели

Доктори во одделот

Хируршка интензивна нега

 

Единицата за хируршка интензивна нега располага со 9 посебни боксови и специјална соба за изолација во кои се спроведува високоспецијализиран и софистициран мониторинг и лекување.

ПОСЕБНИ БОКСОВИ ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ

Според официјалните статистики, системот на организација во посебни боксови за секој пациент овозможува намалување на ризикот од појава на интерхоспитални инфекции, кои претставуваат најголема закана по здравјето во услови кога општата здравствена состојба на пациентите е критична.

СОБА ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Во рамките на Одделот за интензивна нега отворена е и специјална соба со систем за негативен притисок. Оваа соба е наменета за изолација на специфични пациенти кои се инфективни и претставуваат опасност од ширење инфекции. Располага со најсовремени апарати за следење на виталните функции и за механичка кислородна поддршка.

ТРЕТМАН

Во Единицата за интензивна нега се лекуваат критично болни пациенти (оперирани и неоперирани) кои имаат тешко нарушени витални функции и имаат потреба од специјален третман. Овие пациенти се под постојан надзор од страна на анестезиолошкиот тим. Оваа високоспецијализирана единица овозможува :

  • Кислородна поддршка  и оксигенотерапија
  • Комплетен инванзивен и неинванзивен мониторинг на пациентите
  • Вентилаторна поддршка со современи апарати со сите опции за механичка вентилација
  • Хемодинамска поддршка со инотропна стимулација
  • Респираторна и физиотерапија
  • Можност за парентерална и ентерална исхрана
  • Можност за торакална дренажа
  • Можност за хемодијализа, хемофилтрација и плазмафереза