fbpx

Д-Р КУЗЕСКА И Д-Р АДАМОВСКА НА КАМПУС ВО РОМАНИЈА

27.12.2019

Д-р Клементина Кузеска, и д-р Снежана Адамовска Клисаросвка, специјалисти гинеколози присуствуваа на Кампус што во организација на Европската Асоцијација за хумана репродукција (ESHRE) се одржа годинава на 11 и 12 декември во Букурешт, Романија.

Темата на одржаниот Кампус беше „Екстреми во оваријалната стимулација” односно разгледување на слаб и бурен оваријален одговор на стимулација во склоп на постапки за аистирана репродукција. На Кампусот присуствувале 170 учесници од 30 земји од светот.

„Предавањата беа организирани од врвни предавачи од областа, интерактивно, со можност за партиципација и на слушателите. Повеќето учесници беа со големо долгогодишно практично искуство. Дебатите и заклучоците се многу корисни и применливи во нашата секојдневна работа, вели д-р Клементина Кузеска, гинеколог.

Присуството на претставници од „Аџибадем Систина“ на вакви настани е корисно од аспект на размена на искуствата, но на повеќето како и на овој „Аџибадем Систина“ покажа доста од своите практики кои ја издвојуваат како врвна болница.