fbpx

Д-Р КАРАЃОЗОВ Е МОЈОТ СПАСИТЕЛ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО ГО ЖИВЕАМ ВТОРИОТ ЖИВОТ

11.02.2020

78 годишната пациентка Афијете Башота два пати била оперирана, а заради лекарска грешка, вториот пат болницата каде била лекувана ги покрила сите трошоци. И по две операции и по 24 дена болничко лекување состојбата не се подобрувала, туку станувало се потешко и потешко. Раните не се затворале, а болките станувале се понеподносливи. Таа тука, семејството во Косово. И наместо состојбата по еден месец да се подобри, таа се влошувала.

bashkota

Во септември 2019 година по препорака на своите пријатели дошла на консултација кај д-р Караѓозов во „Аџибадем Систина“. Докторот ми дијагностицираше голема инфекција на ногата, 8 дена останав во болница, а потоа секој трет ден доаѓав на контрола. Благодарение на мултидисциплинираното следење и лекување за девет дена таа станала на нозе. Радосна и задоволна од третманот кој го добила на одделот за Торакална хирургија во „Аџибадем Систина“ таа сподели најпофални зборови за целиот персонал.

bashkota

„Д-р Караѓозов е специјалист од светски размери, професионалец кој максимално е посветен на секој пациент. Мојот спасител и мојот пријател. Немав друг избор освен да ги слушам неговите совети и да доаѓам на преврски, инаку ќе останев без нозе. Не ми беше едноставно, секој трет ден на моја возраст да преминувам граници и да патувам. Тие моето здравје го ставија во главниот фокус, а јас секогаш бев задоволна од грижата што ја добив. Знаев дека тука со насмевка ме чекаат д-р Караѓозов, сестра Сашка и сестра Тања. Луѓе со златни раце и срца полни љубов. Имате персонал кој заслужува орден за работата која ја работи. Ви благодарам за трпеливоста, професионалноста, напорната работа и посветеноста во медицинската нега.“- вели Башота.
Сега 78 годишната пензионирана учителка вели дека ужива во животот. Редовно шета со пријателките, без проблем ги обавува секојдневните активности, чита книга, гледа филмови.