fbpx

Д-р Димчев предаваше на работилница за скринингот во првиот семестар од бременоста

23.05.2019

Д-р Павле Димчев, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, одржа предавање на работилницата што беше организирана од Здружението на гинеколози и акушери на Македонија. Тридневната работилница годинава се одржува првпат, а планот е да стане традиционална. Темата на годинешниот настан беше скринингот во прв семестар, односно скринингот што се прави во првите три месеци од бременоста. Д-р Димчев  заедно со уште неколку доктори од јавниот и приватниот сектор одржа предавања  пред 90 доктори и акушери. Во услови на зголемени предизвици во медицината и новитетите што ги носи развојот на технологијата и истражувањата, вакви собири се од исклучително значење за зголемување на ефикасноста во дијагностиката и лечењето на пациентите.

„Ова е добра можност за размена на искуства, затоа што навистина имаше интересни излагања на докторите. Поминаа повеќе од 90 доктори и работилницата беше доста полезна“, вели д-р Димчев.

За време на работилницита се спровеле повеќе практични предавања на кои докторите  вршеле рутински прегледи на пациенти.