fbpx

„Аџибадем Систина“ и „Борка“ во борба против канцерот

10.04.2014

„Аџибадем Систина“  и „Борка“ во борба против канцерот 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и здружението на граѓани во борба против ракот „Борка“ ќе ја организираат најголемата кампања за ракот. Со потпишување на меморандумот за соработка, „Аџибадем Систина“ и „Борка“ во наредниот период заеднички ќе делуваат во подигнување на свеста за малигните заболувања како и за значењето на превентивните прегледи.

„Кампањата, која ќе се спроведе во месец мај, ќе биде посветена на карцином на дојка, како најчест карцином кај жените. Но тука нема да застанеме. Од септември ќе продолжиме со истото темпо, каде во фокусот ќе бидат најчестите карциноми во земјава. Врвниот тим специјалисти во „Аџибадем Систина“ ќе биде на располагање на граѓаните, со цел да ја подигнеме свеста за канцерот и да ги едуцираме граѓаните за важноста од раната дијагноза и редовните прегледи. Сите ќе имаат можност бесплатно да се консултираат со нашите доктори. “ изјави Јордан Камчев главен извршен директор во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Караванот „Напред розово“, кој годинава ќе се организира со „Аџибадем Систина“, ќе се одржи на 17 мај.
„Целта е да ја подигнеме кај луѓето свеста за навремени прегледи. Многу е важно малигните болести рано да се откријат – ако, на пример, ракот на дојка навреме се дијагностицира, шансите за излекување се и до 98 отсто“ вели Биба Додева претседател на „Борка“.
Како дел од соработката се и одредени поволности кои пациентите со канцер кои ќе ги добиваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По барање на „Борка“ Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможи попуст за снимање на ПЕТ/КТ за пациентите со канцер. Исто така го понуди на државата и вториот акцелератор по фондовски цени.

[widgetkit id=3]

{backbutton}