fbpx

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ И Д-Р ДИМЧЕ СЛАВЕСКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА И ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТО

07.06.2023

Проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург и д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“, добија благодарница за особен придонес и унапредување во трансплантацијата и органодарителството, признание што го доделува Лекарска комора на Македонија. Овие истакнати доктори беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози, кои ја направија првата трансплантација на срце во земјава во 2020 година.

Благодарниците беа доделени по повод одбележувањето на 31 година од постоењето на Лекарска комора на Македонија, како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во земјава.

Проф. д-р Николиќ, кој има 30-годишно искуство во оваа област, е и единствениот доктор што работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство во вакви интервенции. Самиот бил дел од три тима за трансплантации на срце.