ФУДБАЛСКАТА ЕКИПА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ДВА ТРОФЕЈА – ВТОРО МЕСТО ВО ТУРНИРОТ НА ЛЕКАРСКА КОМОРА И ТРЕТО МЕСТО ВО БИЗНИС ЛИГАТА
30.05.2023
Тимот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ оваа недела извојува две значајни победи во мал фудбал. Викендов освои второ место на турнирот во мал фудбал во организација на Комисијата за спортски активности на Лекарската комора на Македонија, каде што беа домаќини на натпреварот.



Во Бизнис лигата, турнир во мал фудбал, кој е составен од 24 екипи од компаниите во земјава, нашиот тим го освои високото трето место. Стартот на 12. сезона беше во септември и оттогаш нашата екипа во есенскиот и пролетниот дел изигра многу натпревари и постојано котираше на врвот на листата.


