fbpx

Благодарница за тимот и за „Аџибадем Систина“ за покажаната хуманост на Денот на лицата со Даунов синдром  

26.03.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница за компанија со општествена одговорност откако на трката која традиционално се одржува по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром учествуваше со најмногу учесници. Имено, годинава на оваа трка од „Аџибадем Систина“ учествуваа над 50 вработени, а болницата одлучи да го поддржи нивното учество, а со цел уште еднаш да се докаже како одговорна компанија и компанија која води кон зголемување на општествената свесност.

Инаку, на трката учествуваа над 600 учесници кои симболично истрчаа еден километар, а мотото, како и секоја година, беше Dont let them down, Run for down. Хуманитарната трка е организирана од ЗМК „Ескрим“ од Скопје, а се одржува по повод 21- ви март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Освен педесетината учесници од Клиничката болница кои трчаа, на настанот дојдоа и други вработени и нивните семејства, со поддршката и на ваков начин да се покаже хуманоста и мисијата на КБ „Аџибадем Систина“- здравјето за сите.

Настанот организиран од ЗМК „Ескрим“ и нивниот претседател Билјана Кузмановска го отвори градоначалникот на град Скопје ,Петре Шилегов. На бината беа повикани децата кои се со Даунов синдром, кои низ песна ги поздравија сите присутни.