fbpx

Бесплатни прегледи на бенки во месецот на меланом

16.05.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, по повод месецот на карциномот на кожа, меланом, ќе овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки за своите пациенти. Прегледите ќе ги изведува тимот дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа. Прегледите ќе се реализираат во сабота 18 мај 2019 година од 08 до 16 часот. Задолжително резервирајте си бесплатен термин на 02 30 99 500.

Со цел да се подигне свесноста на населението за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција 5-та година традиционално се одбележува секоја година во „Аџибадем Систина“.