fbpx

БЕСПЛАТЕН ПИЛИНГ ПО СЕКОЈ ЕСТЕТСКИ ТРЕТМАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

15.12.2020

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во пресрет на новогодишните празници за секој дерматолошки естетски третман на Одделот за дерматологија, на пациентите им следува и бесплатен хемиски пилинг од врвниот американски бренд NeoStrata. Промотивниот пакет важи до 31-ви декември, а бесплатниот пилинг може да се искористи до крајот на февруари 2021 година и следува по секој закажан ласерски, PRP или ботокс третман, пакет ласерска епилација или дермални филери.  Дерматовенерологот доц. д-р Андреј Петров порачува дека со естетските дерматолошки третмани кои се достапни во „Аџибадем Систина“ ќе изгледате за неколку години помладо, а ефектите од нив ќе траат со години.

Ботокс – измазнување на кожата на лицето

Како еден од најефикасните третмани за подмладување, тој го предлага ботулинум токсинот – средство кое предизвика вистински бум во естетската дерматологија и кое овозможува отстранување (пеглање) на брчките преку олабавување на мускулатурата. Денес нашироко се употребува, а процедурата, како што вели доц. д-р Петров, е брза и се аплицира за 15-тина минути, но секогаш треба да се има предвид дека добрата подготовка и план за интервенцијата е неопходен за успешен резултат. Начјчесто се употребува за отстранување на брчките на челото (фронтални линии), околу очите, на носот и вратот.Ботулинум токсин има ефект кој трае од 6 до 9 месеци, дава одлични резултати и има минимални несакани ефекти. Секогаш пациентот по 2 недели треба да дојде на контролна корекција. Ефектот настапува за неколку дена. Задоволството кај пациентите е големо. Ботулинум токсинот, попознат и како ботокс, има и превентивен ефект на стареење на кожата.

PRP третман – враќање на сјајот на кожата на природен и безбеден начин

Меѓу најактуелните естетски третмани е и ласерското обновување на кожата или подмладување со употреба на комбинирана терапија со фракционен јаглерод диоксид ласер и плазма богата со тромбоцити (PRP). Се поминуваат лицето, вратот, деколтето, подлактици со ласер и се излева автологна плазма низ отворите направени со ласерот. Плазмата се добива преку вадење крв од самиот пациент. Таа има силен поттикнувачки фактор на раст кој во комбинација со површното мазнење на кожата со ласер и стимулирањето на нов колаген предизвикува обновување на кожата и зголемување на нејзиниот еластицитет, како и отстранување на површните пигментации и дамки на кожата.

„Се работи за ефикасна алтернатива на хируршкиот лифтинг на кожата, која се изведува со минимално инванзивни процедури и времето на закрепнување на пациентот е многу кратко. Нема конци на лицето. Нема боледување.  Процедурата се спроведува во неколку циклуси и ефектите траат 2-3 години, посочува доц. д-р Петров, додавајќи дека предноста на ваквиот третман е што може да се повторува неограничен број пати.

Дермални филери – прекривање на недостатоците и зголемување на усните

Во естетските третмани голема примена имаат и дермалните филери или пополнувачи на брчките и недостатоците на лицето. Еден од најчестите естетски третмани кои жените го прават, особено во период пред новогодишните празници е и аугментација (зголемување) на усните.

„Пополнувачи или популарно наречените филери, се употребуваат за надоместување на недостигот на волумен во одредени делови на телото, најчесто на лицето. Трендовите во последно време одат кон нагласување на усните, за таа цел се користат пополнувачи со хијалуронска киселина, која е природен составен дел на организмот“, вели доц. д-р Петров.

Тој нагласува дека  процедурата е  потполно безбедна и може да се повторува, бидејќи се ресорбира за 9 месеци. Враќањето на самодовербата е нешто што може да се постигне успешно со нагласување на усните. При тоа е битно да се дојде кај искусен естетски дерматолог заради тоа што оваа процедура ако е неадекватно спроведена наместо подобрување на изгледот може да предизвика уште поголемо разочарување и фрустрација од сопствениот изглед.  Оваа естетска процедура, којашто е една од најчесто употребуваните, има голем број предности, но најголема примат на оваа процедура е што ефектот врз изгледот е моментален, односно настапува веднаш по инјектирањето на средството во кожата.

Ласерски третмани за подмладување и затегнување на кожата

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со фракционен eC02 ласер. Станува збор за најсовремена технологија за подмладување и третман на недостатоците на кожата. Овозможува ефикасен третман за подмладување, затегнување и зацврстување на кожата, третман на брчки, акни, стрии, црвенила и пигментации на кожата. По третманот кожата изгледа сјајна и мазна. Ласерот, како што појаснува доц. д-р Петров, прави невидливи оштетувања на кожата, при што направените оштетувања продираат до долните слоеви на кожата и го стимулираат здравото ткиво во продукцијата на нов колаген. Се користи во третман на брчки, големи пори, лузни, лузни од акни, темни кругови околу очите, подмладување на рацете, вратот и деколтето и ја враќа еластичноста на кожата. Овој метод безбедно се користи за лице, врат, раце, дланки и нозе.

Ласерска епилација – бесплатно и ефикасно отстранување на несакани влакна

Со современите методи на ласерска епилација, која ги уништува фоликулите на влакната, денеска може да се ослободите од несаканите влакна лесно, едноставно и безболно. Во дерматолошкиот тим на „Аџибадем Систина“се вклучени врвни професионалци кои ја изведуваат ласерската епилација на безбеден начин, а успешни резултати се добиваат со користење врвна технологија. Просечен број на третмани за ласерска епилација, како што потенцира доц. д-р Петров, се 6 сесии.

За користење на бесплатниот ваучер за хемиски пилинг, потребно е да се закаже третман за ласерска епилација на најмалку две регии од телото.