fbpx

Академик проф. д-р Живко Попов дел од тимот на „Аџибадем Систина“

16.06.2021

Проф. д-р Живко Попов дел од тимот на „Аџибадем Систина“ Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири стручниот тим со еминентниот академик професор д-р Живко Попов, специјалист по урологија-трансплантолог. Пациентите ќе имаат можност да добијат врвна дијагноза и третман на сите уролошки болести, благодарение на 40 – годишното искуство во оваа област. Во 2011 година се здобил со Европска диплома за трансплантациона хирургија од Европско здружение на медицински специјалисти (UEMS). Бил шеф и основоположник на Центарот за трансплантација на бубрези во земјава, а за својата работа има добиено многу признанија. Како една од позначајните е републичката награда „11 Октомври“ за достигнувања во полето на хирургијата и трансплантацијата на бубрези, наградата „13 Ноември“, како и државната награда „23 Октомври“ за достигнувања во хирургијата и науката. „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да го нуди најдоброто на своите пациенти во сите медицински специјалности. Нашиот професионален тим составени од најдобрите специјалисти, признати во својата професионална работа, секогаш отворени за соработка и 24 часа подготвени да одговорат на секој предизвик. Вашиот преглед кај проф. д-р. Живко Попов можете да го закажете на 02 3099 500.