fbpx

„АЏИБАДЕМ“ ВЛЕГУВА ВО СРБИЈА КАКО ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАСТ НА ИСТОЧНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР

30.03.2021

„АЏИБАДЕМ“ ВЛЕГУВА ВО СРБИЈА КАКО ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАСТ НА ИСТОЧНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР

AcibademSistina Hospital web

„Аџибадем Саглик Хизметлери ве Тикарет А.Ш., како дел од турската групација „Аџибадем“ во чиј состав е и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје, купува мнозински удел од српската болница „Бел Медик“. Аквизицијата на 70 отсто од капиталот на белградската клиника се случува преку подружницата „Аџибадем Сити Клиник Б.В“. Експанзијата на „Аџибадем“ во Источна Европа ја докажува нејзината успешност и докажаниот континуиран раст. „Бел Медик“ е  шеста болница во европското портфолио на „Аџибадем“, а Србија е четврта земја на работење. Турската докажана болничка групација „Аџибадем“ има три болници во Бугарија, по една во Холандија и во Македонија. „Аџибадем Систина“ во Скопје е најврвната приватна болница во земјата и најпозната во регионот.

Инаку „Бел Медик“ сега работи со една болница и пет амбуланти во Белград. Основана е во 1995 година од д-р Јасмина Кнежевиќ и Милан Кнежевиќ, е водечки високо квалитетен приватен давател на здравствени услуги во Србија. Ќе работи под името „Аџибадем Бел Медик“.

„На наше задоволство ја имаме шестата европска болница на ‘Аџибадем’ во Белград. Како резултат на нашето партнерство со ‘Бел Медик’, како еден од клучните даватели на здравствени услуги во земјата, ќе го пренесеме знаењето на ‘Аџибадем’ во Србија. Верувам дека нивото на пружање здравствени услуги во Србија ќе биде издигнато многу повисоко, водено од синергиите што ќе се создадат со ‘Бел Медик’“, изјави г-дин Мехмет Али Ајдинлар, основач и претседател на „Аџибадем“.

Г-дин Ангел Ангелов, главен извршен директор на „Аџибадем Сити Клиник Б.В вели дека ова е доказ за извонредност и првокласна услуга.

„Исклучително сме возбудени што понатаму ќе го прошириме нашето работење на Западен Балкан. Веруваме дека настојувањето на нашата групација за извонредност и првокласна услуга на пациентите ќе има позитивен придонес на српскиот пазар на здравствена заштита“, вели Ангелов.

Со трансакцијата се зголемуваат капацитетите на „Аџибадем“ на глобално ниво, на повеќе од 4.200 кревети низ 22 болници во 5 земји.

„Ми претставува огромно задоволство што ‘Бел Медик’ успешно стапи во партнерство со синџир болници од светски ранг. ‘Аџибадем’ во Србија, исто така, се препознава како водечка странска здравствена установа. Според мене, од клучно значење е двете наши институции да ги делат истите основни вредности со фокус на врвната медицина, одлична грижа за пациентот и задоволство. Сигурна сум дека стратешкото спојување на двата силни бренда ‘Бел Медик’ и ‘Аџибадем’ ќе донесе здравствена заштита од врвна класа, како и важно влијание врз српската економија”, изјави г-ѓа Јасмина Кнежевиќ, основач и главен извршен директор на „Бел Медик“.

„Аџибадем“ е водечки приватен давател на услуги за дијагностика и третман во Турција од 1991 година и е дел од големата глобална мрежа IHH Healthcare Berhad е втор по големина во светот рангиран оператор на здравствена заштита според пазарната капитализација.