fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗЛАТЕН СПОНЗОР НА ЕЛИТНИОТ ЖЕНСКИ КУП БИЛИ ЏИН КИНГ

06.07.2022

На 4 јули на терените на Тенискиот клуб „Југ“ започна Били Џин Кинг купот од страна на Парибас Европа/Африка, екипно натпреварување во тенис за жени кое првпат ќе се организира во нашата земја. Купот се одржува во периодот од 4 до 10 јули, а учествуваат репрезентации од земјава, Ирска, Малта, Португалија, Косово, Исланд, Албанија, Јужна Африка, Кенија, Намибија, Конго, Уганда, Боцвана, Бурунди, Демократска Република Конго, Сејшели и Судан.

kup

Присутни се околу 100 тенисерки  меѓу кои и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, како и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Катарина Маринковиќ. 

Овој куп има богата историја во женскиот тенис и важи за елитен турнир во женска конкуренција.Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и годинава е златен спонзор на меѓународните тениски турнири кои ќе се одржуваат во организација на Тениската федерација на Македонија.

Како еден од златните спонзори, „Аџибадем Систина“ ќе обезбеди доктори физиотерапевти кои ќе бидат ангажирани да се грижат за тенисерите и за нивното здравје во текот на сите натпревари.