fbpx

„Аџибадем Систина“ располага со современа технологија за детектирање на мутацијa на коронавирусот

31.01.2021

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го зголеми нивото на превенција во однос на мутираните форми на вирусот SARS – CoV- 2 односно корона вирусот. Во молекуларната лабораторија на болницата постои тест кој ги опфаќа и детектира и новонастанатите мутации на вирусот. Болницата покрај класичната детекција на вирусот, располага и со современа технологија со која го детектира и специфичниот ген на таканаречената британска мутација на вирусот. Секој пациент кај кој симптомите клинички укажуваат на присуство на вирусот, а вообичаениот тест не е позитивен, тој ќе може да биде подложен на дополнителна лабораториска анализа и тестирање кое го опфаќа и новиот поттип на мутирана форма на Ковид-19 секако по консултација и препорака со инфектолог. Тестирањата ќе се применуваат исклучително за хоспитални пациенти односно пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, а се клинички високо суспектни за Ковид-19.