fbpx

„Аџибадем Систина“ и „Возврати силно“ во „Триглав осигурување“

04.11.2019

Тим доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во компанијата „Триглав осигурување“ ја одржа четвртата работилница која е дел од кампањата за женското здравје „Возврати силно“. Во месец октомври, месец посветен на борбата со ракот на дојка, „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија се вклучи во зголемување на свесноста меѓу граѓаните за оваа болест. Со едукативни работилници што се одржуваат во домашни институции и компании на интерактивен начин се нагласува потребата од превентивни гинеколошки прегледи, но и самопрегледи на дојка. Пред вработените од „Триглав осигурување“ беше потенцирана важноста која превенцијата ја има во излекување на ракот на дојка, односно фактот дека раното откривање во овие случаи може да значи и целосно излекување на потенцијалните пациенти.

AcibademSistinaTriglav

Според податоците во земјава, расте бројот на новозаболени од рак на дојка, а од оваа болест освен жените може да заболат и мажите. На работилницата во „Триглав осигурување“ присуствуваа д-р Дева Петрова – специјалист по онкологија, д-р Билјана Црцарева –  специјалист по нуклеарна медицина и д-р Ирена Шуплиновска-Јордановска специјалист по гинекологија и акушерство.

Како и на претходните три, во информативната сесија тие зборуваа за важноста од самопрегледи и превентивни прегледи, но одговараа и на дилемите во однос на оваа болест, ризиците на кои се изложени жените и како да ги препознаат промените на нивното тело.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во октомври одржа три работилници за женското здравје, првата во РК „Вардар“, па во компанијата „Тинекс“ и во Град Скопје. Инаку, во „Аџибадем Систина“ има најсовремена опрема за брза и прецизна дијагностика. Болницата располага со врвна технологија, мултидисциплинарен пристап, врвен и современ третман. Во текот на месец ноември ќе се одржат слични вакви работилници посветени на машкото здравје.

 

AcibademSistinaTriglav