fbpx

 „Аџибадем Систина“ енергетски целосно ги имплементира стандардите за енергетска ефикасност

06.03.2019

СТАНДАРДИЗАЦИЈАТА И ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗНАЧАТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.

По примерот на најдобрите и најодговорни светски компании, и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги имплементира стандардите за енергетска ефикасност. Станува збор за воспоставување систем за управување со енергија во согласност од ISO 50001. Мерките подразбираат следење на препораките од веќе усвоените национални стратегии за енергетска ефикасност, но и спроведување на оперативна контрола, мониторинг, документирање и изнаоѓање можности за континуирано унапредување на енергетските перформанси во компанијата. Сите тие доведуваат до намалување на потрошувачката на електрична енергија, намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста на работата на компанијата.

Научната јавност веќе докажа дека енергетската ефикасност има големи придобивки во секојдневниот живот како почиста животна средина и намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата, подобрување на животните стандарди и намалување на трошоците.

Во основата на енергетското управување на кое е посветена и „Аџибадем Систина“ е силната насоченост кон разумно користење на енергијата и намалување на нејзината потрошувачката.

Постојаното подигнување на свеста, поттикнувањето за давање идеи за заштеди на енергија и едукацијата на сите вработени за препознавање на потенцијалот за одговорно користење на енергијата се смета за клучно во насока на постојано подобрување на енергетските перформанси на организацијата во иднина.

Секој вработен може да придонесе за поголема енергетска ефикасност со самосвесност за потрошувачката на електрична енергија и имплементирање на минимални мерки како што се: почитување на зададените температурни вредности,  исклучување на светилките кога се напушта просторијата, затворање на прозорците во просториите со централна климатизација и вентилација.

Покажете и вие одговорност, но и придонес за помала потрошувачка на енергија и поквалитетна животна среднина.