fbpx

Д-Р ЈОСИФОВСКИ МИ ЈА ВРАТИ ВЕРБАТА ВО ЖИВОТОТ

28.02.2019

Со насмевка на лицето и очи од кои зрачеше искра за исполнети пензионерски денови го запознавме нашиот пациент Јовица Петрушевски. Професорот по историја, гордо се носи со своите 78 години. Животот го натерал да помине низ многу премрежија, но вели дека вечно ќе му е благодарен на д-р Тони Јосифовски, доктор кој му ја вратил вербата во животот. Додека уживал во пензионерските денови во својата викендичка, почувствувал болка во градите.

АКТИВЕН И ВО ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ

Пензионерските денови се денови за одмор, но не и за Јовица. На 15 километри од Куманово, неговиот роден град, има викендичка и летните денови ги поминува таму. Секојдневно се грижел за уредување на дворот и градината, ги извршувал сите домашни обврски. „По поставување на пејсмејкерот, докторите ми забранија да извршувам физичка работа. Но, не ги послушав. Продолжив да работам со исто темпо, како и во младоста. При една понапорна физичка работа, кога правев преселба од викендичката, кревајќи тешки предмети ми се појави хернија-кила.По 10 дена ми пукна кошулицата и тенките црева почнаа да излегуваат. Имав страшни болки, одев од клиника на клиника, но никој од докторите не се реши за интервенција. Изговор им беше мојата возраст и пејсмејкерот. Анестезиолозите и хирурзите креваа раце објаснувајќи дека не се решаваат за интервенција. Ситуацијата почна да се влошува. Немав веќе време залудно да тропам од врата на врата. Се упатив во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’. На моја огромна среќа, ме прими на преглед д-р Тони Јосифовски“- објаснува Јовица.

„Се упатив на кардиолог, каде што ми соопштија дека срцето почнало бавно да ми отчукува и заслабело, па неопходно било поставување пејсмејкер“

ГО ЗАПОЗНАВ Д-Р ЈОСИФОВСКИ УШТЕ МНОГУ ОДАМНА

Седнати во амбулантата за дигестивна хирургија, чекајќи го д-р Јосифовски да дојде на закажаниот контролен преглед, Јовица со воодушевување раскажуваше за пристапот на докторот и неговиот тим. „Во ниту еден момент не ми оставија можност да се посомневам во она од што многу стручни лица кренаа раце. Со огромна почит и гордост го искажувам моето огромно задоволство од оваа болница, тимот на хируршкото одделение и д-р Тони Јосифовски. За него лично формирав високо мислење уште многу поодамна кога тој успешно ги изведуваше посложените оперативни зафати во Клиничкиот центар. Повторно се уверив во неговата професионалност бидејќи ме прифати како пациент со посложени компликации и одбиен од повеќе болници поради ризикот од пејсмејкерот што го носам, но и поради мојата возраст. Операцијата помина одлично“ – објаснува 78-годишниот професор по историја Јовица Петрушевски.

ОВДЕ НИКОГАШ НЕ СИ САМ

Позитивните коментари и искуства не запираа. Јовица ја пофали и организираноста на целиот персонал. Најмногу ми се допадна чувството дека никогаш не си сам, пациентот е придружуван на сите прегледи и испитувања од медицинската сестра чии зборови и убедувања ветуваат надеж. „Во миговите кога трепериш за сопствениот живот забораваш на сите детали што те опкружуваат, но мислите и сеќавањата навираат на сè што те опкружува и ти говори дека сè тука е беспрекорно средено и чисто, од големиот паркинг-простор, до просторот на влезот во болницата каде што ќе ги добиеш сите информации. Посебно ми оставија впечаток коридорите, пултовите за администрација на секој кат, болничките соби средени и опремени за секој да се чувствува пријатно како дома. На лицата на вработените насмевки, љубезност и внимание. Сепак, најубавите зборови со благодарност ќе ги упатам на врвниот доктор Тони Јосифовски, човекот кој ми ја врати вербата во животот и ме воодушеви со леснотијата со која му приоѓа на случајот“- вели Јовица.

ГРИЖАТА ЗА ПАЦИЕНТОТ НА ПРВО МЕСТО

Услугите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, освен Јовица, ги користат и сите членови на неговото семејство. За оваа болница го врзуваат само убави мигови. Како најсреќен миг вели дека е доаѓањето на свет на неговиот правнук Димитриј, кој му го разубавува животот и секојдневието. „Во досегашните мои посети се уверив дека овде работат врвни експерти во својата област, применуваат најсовремена апаратура и најсовремени светски методи во лекувањето. Грижата за пациентите е на прво место, што оваа болница ја прави единствена и незаменлива. Моето семејство низ годините ги користи услугите на Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ и би сакал да искажам благодарност за луѓето кои се грижеа за членовите на моето семејство – д-р Јосифовски, проф. Угриновски, проф. Савески, д-р Трајковска, д-р Мостров, д-р Атанасовска, проф. Василевски, д-р Петров, д-р Христов, д-р Бушљетиќ…“ – објасни Петрушевски.

„Во ниту еден момент не ми оставија можност да се посомневам во она од што многу стручни лица кренаа раце. Со огромна почит и гордост го искажувам моето огромно задоволство од оваа болница ,тимот на хируршкото одделение и д-р Тони Јосифовски. „