fbpx

„Аџибадем Систина“ донираше над 60 компјутери во две основни училишта

04.03.2020
Donacija foto
 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија која во континуитет дава придонес за подобрување на општествениот развој  и се залага за унапредување на образованието во Македонија, донираше компјутери и компјутерска опрема во две основни училишта со настава на турски јазик „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Али Фетхи Окјар“.

Ни претставува чест и задоволство што со оваа наша донација придонесуваме кон подобрување на наставната програма, онаму каде што е најпотребно. Во трите подрачни училишта на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ учениците досега немале ниту еден компјутер, благодарение на донацијата од „Аџибадем Систина“ учениците во ова училиште отсега на располагање ќе имаат 34 компјутери со што значително ќе се подобри квалитетот на наставата.

„Упатувам голема благодарност до болницата ‘Аџибадем Систина’ за донацијата на компјутери, кои и тоа како се добредојдени за подобрување на информатичката технологија во нашето училиште. Првенствено учениците, но и наставниците ќе имаат подобра методологија за реализирање на воспитно-образовниот процес. Во трите подрачни училишта кои ги имаме до сега, за жал, немаше ниту еден компјутер и оваа донација ќе биде големо олеснување како за самите ученици, така и за наставниците. Дел од компјутерите ќе бидат распределени во подрачните училишта, а дел во централното основно училишта во Долно Количани, општина Студеничани“, рече директорот на училиштето, Сабри Имер.

Огромна благодарност за донацијата упати и директорот на општинското основно училиште „Али Фетхи Окјар“ во село Дебриште, општина Долнени.

„Донацијата од ‘Аџибадем Систина’ ќе значи многу за нашето училиште и за квалитетот на наставата којашто во нашето училиште се изведува на македонски, турски и албански јазик. Ние располагаме со околу стотина компјутери, но со оваа донација дополнително ќе им овозможиме на наставниците да ја збогатат и унапредат наставната програма“, посочи директорот на училиштето, Исмет Мемедовски.

Со цел да придонесе во општествениот развој и што поквалитетен живот за сите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи со вакви донации и во иднина.