fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКИ ДУШЕЦИ ЗА ЈЗУ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА БОЛНИЦА ЗА ГЕРИЈАТРИСКА И ПАЛИЈАТИВНА  МЕДИЦИНА „13 НОЕМВРИ“- СКОПЈЕ

05.09.2024

Во согласност со својата мисија и визија за унапредување на квалитетот во здравството и грижата за здравјето, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше 31 медицински душек за потребите на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна  медицина „13 Ноември“ со што уште еднаш ја покажа својата хумана страна.

„Ни претставува чест и задоволство што со нашата донација ќе помогнеме за подобрување на условите во болницата. И во иднина нашата болница ќе се стреми кон меѓусебна соработка со сите здравствени установи, сѐ со цел за подобрување на здравствените услуги за сите пациенти“, изјавија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи и во иднина да ги остварува своите задачи како општествена одговорна компанија.

n