На 12 и 13 декември во Белград се одржа XVII Меѓународен конгрес за естетска и козметичка дерматологија во организација на Српското здружение за естетска и козметичка дерматологија. Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој конгрес со свои предавања учествуваа дерматовенеролозите проф. д-р Андреј Петров и д-р Весна Пљакоска.
Проф.д-р Андреј Петров одржа свое предавање на тема: „ИПЛ во третман на розацеа“, а д-р Весна Пљакоска имаше предавање на тема: „Предизвикувачки случаи во ласерски третмани на лузни од акни“.
На овој конгрес присутни беа еминентни експерти од областа на дерматологијата и естетската медицина. Учесниците имаа можност да разменат знаења и искуства, да се запознаат со најновите достигнувања и современи терапевтски пристапи, со цел унапредување на секојдневната клиничка пракса и подобрување на квалитетот на здравствената грижа.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.