fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА КОШАРКАТА

27.12.2022

Кошаркарската федерација традиционално и оваа година на свечена церемонија ги одбра „Најдобрите во кошарката за 2022 година“. Во знак на неизмерна благодарност за поддршката и придонес во реализација на активностите и промоција во развојот на кошарката, доделена беше и благодарница на Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Благодарницата ја подигна г-ѓа Елиф Акан – заменик главен извршен директор на „Аџибадем Систина“.

elif

Како здравствена институција, која е лидер во превенција и третман на спортските повреди, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ја дава максималната медицинска поддршка на македонските спортски клубови и репрезентации. Со цел да придонесеме за успехот на екипниот спорт, во функција на нашите врвни спортисти, достапен е целокупниот медицински кадар на „Аџибадем Систина“. Нашата цел е со професионалната медицинска поддршка да придонесеме за нови позитивни резултати кои ќе го зголемат чувството на национална гордост.

elif