fbpx

„Аџибадем Систина“ дел од тимот предавачи за HR, студентите учеа од искуството на најдобрите

13.03.2019

 

Директорката на Одделот за човечки ресурси во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Слободанка Алексовска и Сашка Тодоровска од истиот оддел беа предавачи на првиот ден од таканаречениот HR starter што го организира „Сенсум“.

Алексовска и Тодоровска впрочем своето знаење во управувањето со човечките ресурси им го презентираа на група студенти. Во позитивна и релаксирана атмосфера, студентите имале можност да се запознаат со основите на функцијата човечки ресурси. Клучни теми на предавањето биле основите на оваа функција, како настанала, но и како се развивала.

Во услови на динамичен развој на компаниите управувањето со човечките ресурси се смета за исклучително важно, а оваa функција има клучна поента во современото бизнис- опкружување. Од него зависат и другите компоненти од работењето, но и корпоративната култура, организацијата и самото функционирање на тимот.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ оваа функција е совршено функционална, а на ниво на компанијата се води исклучителна грижа за процесот и за управувањето со човечките ресурси. На предавањето Алексовска и Тодоровска го споделиле своето знаење и искуство на оваа тема.

Настани како овој се сметаат за важни во препознавањето и формирањето на идните ХР-професионалци.

По предавањето, Зорица Поповска, основач на „Сенсум“, им доделила благодарници на сите предавачи, меѓу кои и на Алексовска и Тодоровска.