fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД KOLORRUN ТРКАТА

18.09.2022

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ денес беше дел од KOLORRUN трката, која на едно место собра над 1 500 љубители на трчањето и спортот. Во рамки на настанот се одржаа три трки: главна трка на 10 километри, ревијална трка на 2,5 километри и детска трка на 500 метри.

Медицински тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ беше одговорен за здравјето на учесниците, а посетителите имаа можност да го посетат нашиот штанд и да се запознаат со новитетите во болницата.

IMG
IMG
IMG