fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД II МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ „ВИЕ СТЕ ВО СИГУРНИ РАЦЕ СО ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА“

20.06.2024

Тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од одделот Централна Стерилизација зема учество на II Меѓународен симпозиум „Во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација“.
Со своја презентација на тема „Фактори кои влијаат на стерилните пакувања да имаат ограничен или неограничен рок“ болницата ја престави Ирена Христовска, медицинска сестра, која покрај сертификат за учество доби и благодарница за најдобра презентација.

Меѓународниот симпозиум беше организиран од страна на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација, а на него беа пријавени над 180 учесници. Симпозиумот се одржа од 14 до 16 јуни и ги ги обедини колегите и научните соработници од земјава и регионот, здравствените и образовните институции и сите оние кои работат во областа на дезинфекција и стерилизација во здравствените институции.