fbpx

Врвни балкански дерматолози и „Аџибадем Систина“ на симпозиум во Штип

26.03.2019

Околу 100 дерматолози од земјава, десетина предавачи од странство пред неколку стотици студенти учествуваа на симпозиум кој во Штип се одржа под покровителство на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Факултетот за медицински науки. На симпозиумот, кој беше поддржан од Здружението на дерматолози на Македонија, учествуваше со предавање за своите искуства со ласерско обновување на кожата и д-р Андреј Петров од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. И на овој собир болницата докажа дека има искуство, кадар и знаење за интервенции со кои се докажува како водечка болница во регионот. Д-р Андреј Петров вели дека атмосферата на симпозиумот била инспиративна, а биле презентирани сите новитети во дерматологијата,  естетската дерматологија и во дерматолошката онкологија.

На предавањата учествувале професор д-р Андреас Кацамбас од Универзитетот во Атина, кој е поранешен претседател на Европската академија за дерматовенерологија, и академик Николај Цанков од бугарската Академија на науките, кој е поранешен декан на државниот медицински факултет во Софија. Тие впрочем се едни од најпознатите дерматолози на Балканот, а на симпозиумот одржаа  работилница која ја модерираше тимот на „Аџибадем Систина“, што е високо признание за болницата која е препознаена надвор од границите на Македонија.

„Тие се големи имиња, живи легенди во областа, вистински експерти на Балканот. Не удостоија со своето присуство, а самите предавања беа во одлична атмосфера и со полни амфитеатри. Ние бевме покровители на една работилница за ботолиниум токсин, која ја одржа Андерас Кацамбас. Имавме демонстрација во живо и темелни објаснувања како тоа се случува. Тоа остави голем впечаток на сите присутни. Таа работилница ја модериравме со мојата колешка доктор Весна Пљаковска. Кацамбас направи апликација дирекено за тие процедури за кои зборуваше“, вели д-р Андреј Петров, дерматолог.

Петров вели дека „Аџибадем Систина“ се докажа уште еднаш како водечка болница во земјава затоа што ваков тип зафати не организираат други болници.

„Самиот бренд Аџибадем Систина“ е гаранција за нив дека сите процедури ќе бидат испочитувани. Систина се етаблираше во регионот дека има капацитет да се вклучи во процес на пренесување на знаење“, вели д-р Петров.

Идејата е овој симпозиум да биде традиционален, а тоа веќе го прифатил и Универзитетот „Гоце Делчев“ и Здружението на дерматовенеролози на Македонија.