fbpx

Вработените во „Аџибадем Систина“ даруваа 74 единици крв

18.08.2021

Во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно се реализираше третата крводарителска акција годинава, во која беа донирани нови 74 единици крв. Акцијата се спроведе во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина. Преку оваа активност вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, дарежливост и солидарност. „Чувството дека сте спасиле нечиј живот, кое на секој кој дарувал крв му е добро познато, е непроценливо, и тоа е всушност главниот мотив поради кој редовно се вклучуваме во голем број“- објаснуваат крводарителите. Акцијата се спроведе почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Крводарителите беа поделени во повеќе групи со цел одржување физичко растојание и задолжително носеа лична заштита. Поради голем интерес и одзив од страна на вработените закажана е уште една крводарителска акција, која ќе се одржи на 20 август 2021 година.