fbpx

Во услови на коронавирус, донирани 48 единици крв во „Аџибадем Систина“

13.05.2020

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина реализираа уште една успешна крводарителска акција.

За време на акцијата дарувани беа 48 единици крв, а се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот. Крводарителите беа поделени во групи со цел одржување на физичко растојание и задолжително носеа лична заштита на лицето, заштитна маска.

Во акцијата учествуваше и претседателот на Одборот на директори на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, господинот Јордан Камчев.

Првата крводарителска акција во болницата беше организирана во 2010 година, а бројот на вработени кои даруваат крв се зголемува од година во година. Ова е втора крводарителска акција која се организираа оваа година. На почетокот на месец февруари се реализираше најмасовната акција досега во која учествуваа близу 200 вработени.

Поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на мај се најавува уште една крводарителска акција во „Аџибадем Систина“.