fbpx

Во Педијатриската болница на КБ ,,Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести

19.12.2020

Во Педијатриската болница на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести. Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’. Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската Болница на ,,Аџибадем Систина’’ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата. Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации.