fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВОВЕДЕНИ ЧЕТИРИ ТИПА АЛЕРГИСКИ ТЕСТОВИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ

27.12.2023

Честопати промените на телото како резултат на алергиска реакција ги занемаруваме или ги припишуваме на друга состојба. Симптомите на алергија може сериозно да го нарушат вашето здравје, квалитет на живот, особено доколку не се дијагностицираат и третираат. Во Дијагностичките лаборатории на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, достапни се широк спектар тестови за детекција на алергија предизвикана од различни алергени.

NEW

Отсега во нашата лабораторија на располагање се овие четири типа алергиски тестови наменети за деца и возрасни:

  • нутритивен
  • инхалаторен
  • комбиниран
  • педијатриски.

За да направите тест за детекција на алергија, потребно е директно да се упатите во лабораторијата на  „Аџибадем Систина“.  Овие тестови се прават преку земање примерок од крв, а резултатите се готови за 2-3 дена.

За да направите тест за детекција на алергија, потребно е директно да се упатите во лабораторијата на  „Аџибадем Систина“. За повеќе информации јавете се во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500.