fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДРЖАН СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ТЕМА „УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО РАДИОЛОГИЈАТА“

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок на тема „Ургентни состојби во радиологијата – приказ на случаи од секојдневната пракса“. Состанокот, кој беше во организација на Македонската асоцијација на радиолози, го следеа над 100 доктори од различни специјалности. Со стручни излагања и прикази на случаи учество зедоа еминентни радиолози од државните и приватните клинички болници во земјава. Предавач од „Аџибадем Систина“ беше д-р Изабела Јовановска, а дел од модераторите на стручниот состанок од нашата болница беше и радиологот д-р Сенчо Нетков.

strucen

Со поздравен говор на почетокот од состанокот се обрати медицинскиот директор на „Аџибадем Систина“, проф. д-р Игор Кафтанџиев. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ активно ги поддржува ваквите стручни средби кои овозможуваат едукација и размена на искуства и знаење. Една од главните цели на болницата е да создаде услови за унапредување на знаењето и внесување нови методи за дијагноза и третман, а ваквите стручни состаноци се од исклучителна важност.  

strucen
strucen

Претседател на Македонската асоцијација на радиолози е доц. д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог, кој од неодамна е дел од медицинскиот тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и е шеф на Одделот за онкологија, радиологија и нуклеарна медицина.

strucen