fbpx

„Розовиот караван“ во Кочани

21.11.2014

„Розовиот караван“ во Кочани

Караванот за едукација и превенција на малигните заболувања продложи во градот Кочани. Пред присутните граѓани беа презентирани најновите сознанија за дијагностицирање и третман на карциномот на дојка.

Предавачи од Клиничката болница беа др. Маја Чапова Стојчевска, радиолог и др.Славица Кралева, онколог-радиотерапевт. На наше големо задоволство, предавањата наидоа на голем интерес од страна на граѓаните на Кочани.

Розовиот караван организиран од страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Здружението за борба против рак „ Борка – за секој нов ден“ досега организираше стручни предавања во Свети Николе, Битола и Кочани. Следното предавање ќе се одржи во понеделник (24.11.2014) во Прилеп.

Едукацијата е првиот чекор во борбата со малигните заболувања. Со цел што помасовно учество на граѓаните и создавање услови за непосредна комуникација, Розовиот карван ќе опфати поголем број на градови низ државата.

[widgetkit id=20]