fbpx

Отворен првиот центар за дојка во „Аџибадем Систина“

19.09.2014

Отворен првиот центар за дојка во „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отвори првиот центар за дојка во кој на едно место пациентите со болести на дојка ќе добијат дијагноза и комплетен третман. Благодарение на долгогодишното искуство, тимскиот пристап и врвната технологија во „Аџибадем Систина“ се дијагностицираат сите болести на дојката, како и карциноми со пречник 3-4 мм. Предноста на Центарот е во можноста во секој момент да ги прифати пациентите со болести на дојката, што е особено важно кога станува збор за брзо откривање, хируршко и онколошко лекување на карцином на дојка. Ова е битно бидејќи, според светската статистика, ако карциномот навреме се открие и веднаш се спроведе  лекување, во 99% од случаите може целосно да се излекува.

Со Центарот раководи еминентниот торако-васкуларен хирург д-р Митко Караѓозов, кој има голем успех во хируршкиот третман на болестите на дојката. Дел од тимот е д-р Маја Стојчевска Чапова, најдобриот радиодијагностичар, која на располагање има врвна технологија. Таа е една од главните алки во процесот на дијагностицирање на ракот на дојка.

Центарот за дојка располага и со искусен тим патолози, предводени од д-р Џенгис Јашар, кои со помош на софистицирана опрема овозможува брзо, точно и навремено изработување на сите неопходни испитувања од кои зависи понатамошното онколошко лекување.

Целокупниот процес е заокружен со единствениот ПЕТ/КТ центар во регионот и моќниот акцелератор TRILOGY. Единствено Центарот за дојка во „Аџибадем Систина“ има можност за радиотерапија на левата дојка со максимална заштита на срцето и белиот дроб со техника на зрачен третман во длабок инспириум благодарение на IGRT со Trilogy. Онколошкиот третманот се спроведува од врвен тим онколози радиотерапевти, предводени од д-р Дева Петрова, кои работат според најсовремените протоколи во лекувањето на карцином на дојка.

Во Центарот за дојка пациентите ќе имаат можност да добијат психолошка поддршка.  Исто така, еднаш неделно ќе организираат и групи за поддршка за сите пациенти. Единствено во овој центар може да се изведе реконструкција на дојка за време на операцијата на туморот. 

[widgetkit id=11]