fbpx

Презентирани вежби и техники за правилно дишење

15.11.2014

Презентирани вежби и техники за правилно дишење

Во пресрет на Светскиот ден на ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) 19 ноември, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше бесплатни вежби и презентација на техники за полесно дишење и релаксација.

 

Присутните граѓани имаа можност да се информираат за сериозноста на ова белодробно заболување, од кое боледуваат над 300 милиони луѓе во светот. Во рамките на вежбите беше одржано и стручно предавање за важноста на правилното дишење и справувањето со ХОББ и астма од страна на др. Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од „Аџибадем Систина“. Техниките за правилно дишење и релаксација ги презентираше Марија Сиљаноска Михајлоска, наставник по јога.

 

Правилното дишење овозможува оптималното количество на кислород преку крвотокот да пристигне до секоја клетка со што телото се исхранува правилно. Во услови на современ  живот и изложеност на секојдневен стрес и загадување, голем дел од луѓето не дишат правилно.Правилното дишење го забрзува процесот на заздравување на организмот, го смирувацелокупниот нервен систем, го намалува стресот и делува благотворно на менталното и емоционалното здравје. Длабокото дишење го забрзува заздравувањето  на повредите и болестите, а особена помош е при болестите на дишниот систем како ХОББ, астма и бронхитис.

[widgetkit id=18]