fbpx

„Аџибадем Систина“, прва болница во Македонија акредитирана според Joint Commission International

18.05.2016

„Аџибадем Систина“, прва болница во Македонија акредитирана според Joint Commission International

Acibadem Sistina JCI Accredited Hospital

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го доби златниот печат за квалитет и безбедност, како резултат на усогласеноста на процесот на работа со меѓународно признати стандарди. Златниот печат е доказ за квалитетот, кој e резултат на посветеноста на Болницата во обезбедување безбедна и ефикасна услуга за своите пациенти. Акредитацијата од JCI претставува сигурност за секој пациент дека во Аџибадем Систина е безбеден и дека добива најдобра медицинска грижа.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прва болница во земјава и поширокиот регион која ја доби престижната акредитација Joint Commission International (JCI). Со ова и Република Македонија е дел од светската мапа на повеќе од 100 земји во светот, со акредитирани болници од JCI.  Добивањето на JCI акредитацијата го менува здравствениот систем кај нас и докажува дека и во Македонија може да се работи според светски стандарди. Целта е поквалитетна здравствена услуга и поголема безбедност на пациентите.

„Големината на JCI акредитацијата на ниво на клиничка болница, каква што е ‘Аџибадем Систина’, е во тоа што пациентите добиваат безбедна услуга во целокупниот процес на лекување, почнувајќи од приемот, сè до дијагнозата, третманот и понатамошната рехабилитација. Добивањето на акредитацијата е потврда за квалитетот на ‘Аџибадем Систина’. Стигнувањето до целта беше навистина големо искуство за сите нас, но е и уште поголем предизвик за во иднина. Следува период на континуиран напредок и максимална посветеност во одржување на стандардите“, изјави Јордан Камчев, главен извршен директор во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Во периодот од 25 до 29.04.2016 „Аџибадем Систина“ помина низ процес на детална ревизија. За време наревизијата, тим составен од експерти од  Joint Commission International ја оценуваа работата на болницата и нејзината усогласеност сонајвисоките болнички стандарди во различни области, вклучувајќи: меѓународните цели за безбедност на пациенти, проценка и нега на пациент, анестезија и хируршка нега, управување со лекови, едукација на пациентот и семејството…Во подготовката за акредитација работеа 13 стручни тимови. Целиот процес беше предводен од Одделот за медицинска стандардизација и квалитет.

Безбедноста на пациентите преку JCI стандарди

Joint Commission International е најпрестижна болничка акредитација во целиот свет, поради строгите стандарди кои се фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот. Програмата за акредитација JCI го опфаќа целиот процес од влегување на пациентот во болница, следење на неговото лекување до напуштање на болницата. Со еден збор, JCI стандардите се чекор кон совршенство во грижата за пациентите. Крајниот резултат е сигурна и безбедна здравствена заштита.

„Бенефитите од JCI стандардите не ги чувствува само пациентот туку и вработените во болницата. За медицинскиот персонал тие значат поголема безбедност во работата и помалку медицински грешки. Овие строго дефинирани патеки по кои се движиме во  нашето секојдневно работење овозможуваат поголема сигурност во нашето работење, вработените се заштитени од повреда при работа, како и превенција и контрола на интрахоспитални инфекции. Со добра организација и максимална посветеност успеавме да докажеме дека нашата болница обезбедува услуги на исто ниво како и реномирани болници во целиот свет“, изјави проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор во „Аџибадем Систина“.

Болничките стандарди на Joint Commission International се создадени од здравствени експерти и пациенти од целиот свет. Стандардите се напишани според научна литература и стручен консензус со цел да им се помогне на болниците да ги подобрат перформансите и да понудат поголем квалитет во своето работење.

За Joint Commission International

Joint Commission International (JCI) e невладина и непрофитна организација, основана во  1997 год.Преку меѓународни акредитации, консултации, публикации и едукативни програми, JCI ја прошири мисијата низ целиот свет, овозможувајќи подобрување на квалитетот на грижата за пациентите.Денеска претставува престижна организација, која надвор од САД има акредитирано болници во повеќе од 100 држави.

Фото:Телеграф.мк

[widgetkit id=63]