ЗАПОЧНУВА НОВИОТ ЦИКЛУС БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА ЗА ИДНИ РОДИТЕЛИ

ЗАПОЧНУВА НОВИОТ ЦИКЛУС БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА ЗА ИДНИ РОДИТЕЛИ

08.01.2026

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на новиот циклус бесплатни предавања за идни родители, кој започнува в среда, на 21 јануари 2026 година. Предавањата се наменети за сите идни мајки и татковци кои сакаат навремено да се информираат и да добијат стручни совети поврзани со бременоста, породувањето и првите денови со новороденчето. 

Нашиот тим составен од доктори специјалисти и медицински сестри ќе биде тука за да одговори на сите ваши прашања и дилеми и да ве подготви за овој важен животен период. Предавањата ќе се одвиваат во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ секоја среда со почеток во 18 часот. За учество е потребна претходна пријава на callcenter@acibademsistina.mk или на телефонскиот број 02 30 99 500. И во овој циклус за вас подготвивме интересни и корисни содржини, како и голем број подароци. Подолу можете да ја погледнете целосната програма.

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.