Аџибадем Систина

СТУДЕНТИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - ШТИП СТЕКНАА НОВИ ЗНАЕЊА И ИСКУСТВА ПРЕКУ СТРУЧНА ПРАКСА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

02.01.2026

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип успешно ја завршија двомесечната стручна пракса во „Аџибадем Систина“. Групата од четириесет и три студенти од имаа можност да  реализираат дел од нивната стручна пракса на одделите за гинекологија и педијатрија. Тие велат дека имале можност директно да го применат теоретското знаење стекнато во текот на студиите и се запознале со реалната клиничка работа. 

Тие велат дека имале можност директно да го применат теоретското знаење стекнато во текот на студиите и се запознале со реалната клиничка работа. Преку секојдневното присуство, набљудувањето на пациентите и вклучувањето во работните активности, стекнале нови практични вештини, професионална сигурност и подлабоко разбирање на својата идна професија.

„Бевме вклучени во гинеколошките амбулантски прегледи и присуствувавме на повеќе дијагностички и терапевтски процедури, гинеколошки интервенции, а на Одделот за педијатрија имавме можност да присуствуваме на редовни контролни прегледи кај новороденчиња, доенчиња и деца, како и да се запознаеме со секојдневната клиничка пракса во оваа област. Во рамките на одделението за хоспитализирани пациенти, се запознавме со текот на лекувањето, следењето на здравствената состојба и примената на соодветна терапија кај деца со различни заболувања. Бевме топло прифатени од професорите и докторите кои несебично и максимално се трудеа ни го пренесат своето знаење од областа на педијатријата, да нѐ запознаат со најчестите заболувања кај децата, дијагнозата и третманот“, вели Филип Иваноски, студент на општа медицина и координатор на шеста година.

Студентите изразија искрена благодарност до менаџментот и целиот медицински персонал на „Аџибадем Систина“ за укажаната можност, поддршката и подготвеноста за споделување на нивното знаење и искуство со студентите. Како што велат тие, ова искуство ќе го паметат како важен дел од своето образование и како силна мотивација за понатаму да се развиваат и усовршуваат како доктори.

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.