fbpx

„Аџибадем Систина“ постави нови стандарди во здравството

07.04.2017

prof dr ljupco lekovski

Интервју со проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор

1. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одбележува 7 години од отворањето. Што значи за пациентите постоењето на оваа приватна клиничка болница во однос на здравствената услуга?

Визијата на болницата „Аџибадем Систина“ е јасно поставена уште во првите денови од отворањето, а тоа е обезбедување врвна медицинска грижа според светски признаени стандарди. Го поставивме пациентот во фокусот на вниманието и  сè што правиме, секој нов процес, нова процедура, нова инвестиција во нова опрема и кадар е со цел подобра и поквалитетна услуга за пациентите.

Изминативе седум години Клиничката болница „Аџибадем Систина“ докажа дека секоја здравствена институција може да работи по примерот на светските здравствени центри и да ги применува светските признаените стандарди во третманот на пациентите. Воведовме мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентите, кој дава одлични резултати не само во дијагностицирањето туку и во планирањето на понатамошниот третман.

„Аџибадем Систина“ изминативе години ги зголемуваше капацитетите и воведе нови процедури, вклучувајќи го и првиот приватен ПЕТ/КТ центар во регионот…

Нашата цел е да бидеме пионери во регионот во однос на технологија, интервенции, медицински тим. Го отворивме првиот приватен ПЕТ центар во регионот, создадовме прв приватен специјализиран центар за третман на пациентите со малигни болести. Инвестиравме во моќниот акцелератор „Trilogy“, од изминатата година единствени сме и со апаратот за магнетна резонанца „3 Tesla“ кој донесе нова ера во дијагностицирањето. Воведовме ласерски третман на зголемена простата со помош на „Green light“ ласерот. Пионери сме и во воведувањето нови ИВФ процедури, минимално инванзивни хируршки интервенции со кои се скратува времетраењето на третманот и времето на заздравување на пациентите.

2. Изминатата година Болницата ја доби престижната акредитација за JCI, колку тоа придонесе за зголемување на квалитетот на здравствената услуга?

Накратко, поседувањето на оваа акредитација значи високопрофесионална здравствена услуга, безбедност и квалитет во секој болнички процес. Поставувањето на работа според овие стандарди значи професионалност, предвидување и избегнување на сите потенцијални ризици по здравјето на пациентот, информираност на пациентот и семејството за процесот на лекување, елиминирање на медицинските грешки, точно утврдени правила на работа за секој вработен.

Со акредитацијата, „Аџибадем Систина“ воспостави нов стандард во здравствениот систем во Р Македонија. Добивањето на акредитацијата беше голем предизвик за нас. Сега секој од нас работи во исполнување на стандардите и нивно одржување.

Акредитацијата беше потврда на успехот и процесот на имплементација на сите стандарди на кои Болницата работеше изминатите 3 години.

3. Измината година инвестиравте и во отворање поликлиника

Да, „Аџибадем Систина“ ја отвори првата поликлиника во Битола. Нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија, дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница. Со оваа инвестиција врвната медицинска грижа стана подостапна за пациентите од Битола и регионот. Покрај редовните доктори, во поликлиниката прегледи и консултации изведуваат и докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“  со што пациентите немаат потреба да патуваат до Скопје.

4. За седум години регистрирани се 450.000 пациенти, како гледате на ова

Горди сме што пациентите ја препознаа нашата визија, и што го доверуваат своето здравје и здравјето на своето семејство. Изминативе седум години 450.000 пациенти биле дел од нашиот систем. Секојдневно се зголемува бројот на пациенти не само од Македонија туку и од целиот регион. Клиничката болница е подготвена да одговори на специфичните барања на различни групи пациенти. Покрај лекувањето на заболувањата, развивме и систем кој нуди превентивна медицина и среќни сме што се зголемува свесноста на пациентите за редовни превентивни прегледи со цел навремено откривање на болестите и водење здрав стил на живот.

извор: Вест.мк