fbpx

25 години Здравствена групација Аџибадем

10.11.2016

25 години Здравствена групација Аџибадем

Според досегашните резултати и развој во изминативе 25 години, Здравствената групација Аџибадем има статус на најпрестижна и најголема здравствена организација во Југоисточна Европа. Првата болница е основана во 1991 година. Денес, Аџибадем обезбедува здравствени услуги во своите 21 болници, 17 поликлиники, а располага со тим од 17.000 вработени меѓу кои 2.600 доктори и 2.600 медицински сестри.

Групацијата обезбедува услуги за дијагноза и третман според престижните JCI стандарди за здравствена заштита со квалификуван кадар, напредна технологија и современа инфраструктура. Покрај болниците и поликлиниките, Здравствената групација Аџибадем го отвори и најпрестижниот Универзитет, а дел од Групацијата се и компании за поддршка на услугите со кои што обезбедува комплетна услуга во сите области на медицината.