fbpx

Успешно реализирана уште една крводарителска акција во „Аџибадем Систина“

26.05.2020

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина реализираа уште една успешна крводарителска акција втора овој месец. Во првата акција спроведена на почетокот на месец мај дарувани беа 48 единици крв, а денес дарувани беа 51 крвнa единицa.

За време на крводарителската акција се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот. Крводарителите беа поделени во групи со цел одржување на физичко растојание и задолжително носеа лична заштита на лицето, заштитна маска.

Поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на јуни се најавува уште една крводарителска акција во „Аџибадем Систина“.