fbpx

УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА КОЛЕНОТО: СТОЛЕ СТОИЛОВ СЕ РЕХАБИЛИТИРА ПРЕД НОВАТА СЕЗОНА

27.06.2019

Македонскиот ракометен репрезентативец Столе Стоилов одлично заздравува по успешната операција на коленото. На напаѓачот на европскиот шампион Вардар, веднаш по големиот успех на клубот, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ му беше изведена интервенција со која е санирана повредата што предизвикувала силни болки во ногата.

Интервенцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, трауматолог, кој вели дека сè поминало во најдобар ред и дека Стоилов веднаш може да почне да вежба и да оди на физикална терапија. Тоа ќе биде дел од рехабилитацијата, иако познатиот ракометар уште веднаш изјави дека се чувствува многу добро и дека е ослободен од болката што му ги отежнувала тренинзите и натпреварите на теренот.